Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел синоќа, во своето прво јавно појавување пред печатот по заминувањето од власт, зборуваше за лични работи.
Најинтересниот дел беше кога таа зборуваше за тресењето на нејзиното тело, особено на рацете, на крајот од нејзиниот мандат, што беше причина многу Германци да бидат загрижени.
Запрашана за тресењето, кое прв пат беше забележано при првата официјална посета на претседателот на Украина Володимир Зеленски, таа рече дека тоа е поврзано со смртта на нејзината мајка.
– Тоа беше поврзано со смртта на мајка ми, а потоа и стравот повторно да не дојде во таква ситуација – таа искрено го пренесе она што се чуваше во тајност додека беше на власт.
Запрашана како рече во моментов, таа денес се чувствува одлично.
– Замислив малку поинакво време по мојот мандат, а 24 февруари беше вистинска пресвртница. Убаво е да се прават други работи откако доброволно ја напуштив функцијата. Се разбира, јас секогаш останувам политичко суштество – објасни таа.