По совет на лекарите српскиот претседател Александар Вучиќ откажа некои обврски, изјави Сузана Васиjeевиќ, советник за медиуми на Вучиќ.
– Здравјето на претседателот не беше во ред, а Урсула Фон дер Лејен пристигнува утре вечер и задутре сме со неа во Ниш, означувајќи го почетокот на работата на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, па мораше да застане. Така одлучивме, односно докторите му предложија да застане некое време и да се одмори – изјавила Васиjeевиќ во емисијата на Еуроњус, пренесува „Н1“.
На прашањето дали јавноста треба да биде загрижена, таа одговорила дека не.
– Се надевам дека се ќе биде добро, тоа е само прашање на замор – рекла таа.