Водителката Маја Синадиновска ќерка на покојниот Бранко Синадиновски му се заблагодари на лидерот на ДУИ Али Ахмети, за како што вели, се што сторил за нејзиниот татко.
„Почитуван г. Ахмети, драг наш пријателе, во благодариме мајка ми и јас за се во минатото и денес во име на нашиот татко и сопруг и во име на целото наше семејство, напиша Синадиновска на Фејсбук.
Претходно кога почина нејзиниот татко, основач на неофицијализираната верска заедница на православните Албанци од Македонија од него на социјалната мрежа се прости самиот Али Ахмети.
Инаку, Бранко Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.