Познатата холивудска глумица Никол Кидман ја отвори душата и истакна дека имала психолошки проблеми по снимањето на серијата “Слом“ (The Undoing). Имено, улогата што ја одигра во серијата за неа била исклучително тешка и ѝ донеле многу проблеми.
-После снимањето, побегнав од градот две недели, затоа што не можев повеќе… Не ја ни знаев повеќе разликата помеѓу глумата и вистината. Таа улога ми остави толку многу психолошки и физички последици што денес можам да тврдам дека сум психички болна. Имам голем проблем со кој сè уште се борам – рече Никол.
Во серијата Кидман ја игра сопругата на Хју Грант, а тој е обвинет за убиство на жена со која имал романса и со која имал дете. Подготовките за улогата беа исцрпувачки и ментално исцрпувачки.
Таа, пак, забележува дека не е единствената актерка која е во ваква ситуација и дека на повеќето од нив им треба пауза по снимањето на серија или филм.
-Имам дарба лесно да влезам во ликот, но за жал, не можам така лесно да излезам од него. Понекогаш не можам да спијам или ако заспијам, се будам неколку пати во текот на ноќта. За среќа, мојот сопруг го разбира сето тоа и тој е голема поддршка за мене во такви ситуации – додаде таа.