34-годишниот пејач Ламбе Алабаковски, по неколку години живот во Детроит, Америка, заедно со својата сопруга Магдалена и синовите Михаил и Димитриј одлучил повторно да се врати во Македонија.
Некогашната тинејџерска музичка ѕвезда победи на „Плеј – потрага по ѕвезди“ во 2004-та година и остави многу хитови зад себе пред да одлучи да ја напушти земјата.
Сега, Ламбе по седум години повторно застана на сцената во големата сала во битолскиот Центар за култура и настапи на концертите кои се одржаа во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски, заедно со Каролина, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Александра Јанева…
„После седум години навистина е ќеиф и задоволство“, напиша Алабаковски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на Камерниот оркестар Битола.
Како што пишуваат медиумите, Ламбе се вратил во Македонија минатото лето со своето семејство и веќе планирал враќање на сцената со нови музички материјали.
фото: Фејсбук Ламбе Алабаковски