Јасмина Изетбеговиќ, ќерката на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, неодамна се разведе од бизнисменот од Столац, Ќамил Хумачкиќ, една година откако се венчаа на свадба кој медиумите ја нарекоа „свадба на годината“.
Поранешните сопружници направија шеријатска венчавка во Гази Хусрев-беговата џамија, а потоа граѓанска венчавка и милионска веселба.
Венчавката се одржа во строга приватност, но медиумите за неа пишуваа со денови. Младенците и нивните родители беа целосно засенети од кумот на Јасмин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на церемонијата пристигна со сопругата.
Се славеше во хотелот „Европа“ со 250 гости. Пред да влезат во салата, сите гости морале да ги остават мобилните телефони, додека поканите биле чипирани за да се заштити приватноста и безбедноста на младенците и гостите.