Македонија се искачи едно место погоре во финалниот пласман на Евросонгот во Израел. Имено, имало грешка во гласовите на белоруското жири, која ЕБУ сега ја исправи и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.
Исто така, по исправањето на грешката, Македонија е прва според гласовите на жирото.
Ова попладнево го објави Тамара, која добила известување од ЕБУ.
-Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, напиша Тамара.