Познатиот српски водител Огнен Амиџиќ наводно потврдил дека е во врска со колешката Мина Наумовиќ која е скоро 20 години помлада од него.
Имено, водителот заедно со неа бил фатен на една бензиска пумпа.
Мина работи заедно со Огнен во емисијата „Амиџи шоу“, односно сегментот „Пази Мина“.
За животот на Мина не се знае премногу, го крие како змија нозе, но со оглед на тоа дека е активна на социјалните мрежи, може да се заклучи дека сака да патува, има неколку естетски корекции и се грижи за својот изглед.
Како што пренесуваат медиумите нивната соработка наводно започнала пред последната сезона на шоуто, кое трае повеќе од 6 месеци, по што може да се заклучи дека тие веќе се познавале кога Огнен и Данијела биде во процес на развод.
Огнен наводно се огласил по овие гласини и потврдил дека е во врска со неа.
„Да, точно е. Во врска сме, но нашиот одговор е дека нашата приватност е за нас и за тоа нема да зборуваме“ – рекол Амиџиќ за еден српски медиум.
Инаку, Огнен неодамна стави точка на бракот со манекенката Данијела Димитриевска, а тие не ги соопштија причинитe за нивната разделба.