По разводот од неговата сопруга Росана која работи како портпарол на АМСМ, музичарот Коки Јанков повторно и се врати на својата поранешна девојка.
Како што пренесува естрадниот магазин Ексклузив тој веќе неколку месеци е во врска со неговата поранешна девојка, адвокатка Маја Парговска од Скопје. Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе еден месец живеат заедно.
“Не сакам да се враќам на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци“, им одговори Коки на новинарите од естрадниот магазин „Ексклузив“ на прашањето зошто се разведува по десет години брак.
Инаку, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара.