Пејачката Тамара Тодевска се извини на социјалната мрежа Фејсбук за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава на 4 Јули во Амбасадата на САД во Скопје. На синоќешната прослава на националниот празник 4 Јули – Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.
Почитувани:
– Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара – напиша пејачката.