Кај лицата кои поминале ковид 19, борбата против последиците од инфекцијата може да трае со недели, па дури и половина година. Тешкотии во функционирањето на кардиоваскуларниот систем, замор, повраќање, главоболка, слаба концентрација и заборавања – се некои од симптомите што се јавуваат дури и по болеста, предупредуваат лекарите.
Четири недели по инфекцијата, а понекогаш и до шест месеци, поранешните пациенти со ковид чувствуваат некои од овие симптоми и пријавуваат на лекар.
„Овие симптоми не се изразени само кај пациенти кои биле хоспитализирани“, изјави директорот на Општата болница во Сента, Беата Чаки, за РТВ.
Избраните лекари можат да закажат преглед кај лекар специјалист за граѓаните кои чувствуваат некои пост-ковид симптоми, по што специјалистите понатаму ќе го одредат текот на лекувањето.