По подолго време холивудската актерка Камерон Дијаз е видена во јавноста.
Фотографите ја снимиле на улиците на Беверли Хилс, каде разговарала со пријателка. Актерката носеше црна ленена кошула со кратки ракави и ленени панталони кои ги комбинираше со црни сандали со златна тока. Косата ја врза во пунџа и не носеше кармин.
Инаку, пред неколку месеци во медиумите се појави информација дека Камерон Дијаз најверојатно повеќе нема да снима. Дејли мејл потоа напиша дека комедијата Back In Action ќе биде нејзиниот последен филм бидејќи повеќе не може да го одржи ова темпо.
50-годишната Камерон се повлече од Холивуд во 2018 година, но нејзиниот близок пријател Џејми Фокс успеа да ја убеди да се врати и да глуми покрај него во акционата комедија Back In Action. Сепак, според Британците, Камерон брзо зажалила за својата одлука. Наводно, актерката имала „тотален распад“ на снимањето, што резултирало со отпуштање на три лица.