Вчера се одбележа Светскиот ден на лицата со ретки болести. По тој повод Ребека на својот Фејсбук профил сподели видео од својот син Маркијан кој страда од туберна склероза, како ја пее песната „Дали ме сакаш“ од Калиопи.
„Ден на ретките болести… Не можете ни да си замислите низ што се поминуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. 75% од лицата со ретка болест се деца“, напиша Ребека во описот на видеото.