Сопственик на компанијата ГЕМАК, и заменик градоначалник на Град Скопје, бизнисменот Енвер Малиќи се огласи на својот Фејсбук профил, дементирајќи ги информациите објавени во неколку портали дека родилката која беше на ГАК и сокри дека има заразен свекор, а потоа заминала да се породи во Ремедика, е негова ќерка.
“Во неколку портали циркулира невистинита информација околу семејството Малиќи за една непристојна вест во Гинеколоска Клиника Скопје.
Ги информирам нашите пријатели дека до овој момент ниеден член на моето блиско семејство не е инфициран со Ковид 19. Се надевам дека ке биде така и во иднина земајќи во предвид дека сите максимално се трудиме да ги спроведуваме препораките на институциите. Се молиме да сите кои се погодени се опорават што побрзо.
Исто така би сакал да ви кажам дека ниеден близок член на семејството нема новороденче деновиве и веста за случајот во клиника и поврзувањето со моето семејство е апсолутна аматерска лага.
Се надевам никој да не е жртва на Ковид 19 и жртва на лажните вести на порталите“, напиша Малиќи на својот Фејсбук профил.