По петгодишна пауза, светскиот топмодел Адријана Лима (41) повторно стана заштитно лице на „Викторија сикрет“.
Бразилската убавица им беше модел речиси 20 години, а веста за враќањето во друштвото ја потврди на Инстаграм.
„Повторно сме обединети и се чувствуваме толку добро“, рече таа заедно со кампањата за парфеми „Heavenly“ во чија главна улога е.
Манекенката претходно во изјава за странските медиуми изјави дека е возбудена што повторно ќе соработува со брендот.
„Да се биде заштитно лице на оваа култна кампања е толку посебно. Мисијата на „Викторија сикрет“ е да ја слави секоја жена. Неверојатно е да се биде повторно на снимање“, рече Лима, пренесува „Пејџ сикс“.