Вчера загина фолк пејачот Емрах Мехмеди од Дебар.
30- годишниот Емрах животот го загобил во несреќен случај, кога местејќи сателитска антена во село Гари паднал од скала.
Емрах важеше за млад и надежен пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Тој имаше одлична соработка со голем број познати музички имиња од македонската естрада, како и текстописци и композитори. Зад себе има неколку авторски песни:
“Да се вратам од туѓина”, “Кога тргнав на печалба” и други, кои што пред извесен период ги претстави во студиото на ИН Продукција во Охрид.
Зад него остави мали дечиња и сопруга.