По вчерашното барање на министерот за здравство, Беким Сали, директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија си поднесоа оставки, а денеска се назначени нови директори.
За нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова, дознава „Фокус“.
Оставките вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.