Актерката Џулија Фокс беше на годишната забава на Фондацијата Елтон Џон за борба против сидата, а она што го облече остави многумина без зборови, објави Пејџ Сикс.
Таа носеше креација од модната куќа „Dsquared2“. Станува збор за црн фустан со реси и дијаманти, а горниот дел бил од синџири и метал, со кој ги покривала брадавиците.
Сѐ заокружила со златен накит, а очите ги истакнала со црн ајлајнер, додека за фризура избрала мокри локни.
На прашањето за нејзиниот моден избор, Фокс објасни дека никогаш не се облекува за машки очи.
– Мажите ја мразат мојата облека. Толку се лути што не сум истата како во „Анкат гемс“. Ги слушам постојано, но не ми е грижа… затоа што девојките тоа го сакаат. Тоа го сакаат девојките и хомосексуалците – изјави еднаш во емисијата „Женски час“ на „Би би си“.
Таа, исто така, еднаш изјави за „Космполитан“ дека секогаш ќе ги поддржува жените кои ќе излезат од нивната комфорна зона:
– Женските тела треба да се слават и не треба да се гледаат само како сексуални објекти. Секој што ќе ми се налути што покажав многу кожа, ми ја закачува оваа етикета… но јас сум многу повеќе од тоа. Зошто да не носите нешто што открива, навистина кул и уметничко?“.