По имплантицијата на три стента, пејачот Крунослав Кичо Слабинац е буден и е под лекарства и неговиот живот не е во опасност.
“Кичо Слабинац не е ставен во никаква кома, како што велат некои непроверени информации, тој е на лекови и беше ставен на респиратор, да се одмори и за да заздрави неговата градна коска. Целта е додека е на респиратор, да се формира така наречена фиброзна плоча и после тоа градната коска се обновува. Значи, Кичо е буден, но под лекови и под надзор во единицата за интензивна нега. Не му е загрозен животот “, рече д-р Хрвоје Гашпаровиќ од КБЦ Загреб, кој го оперираше Слабинац.
Тој додаде дека веќе би бил дома доколку немаше проблеми со заздравувањето на градната коска предизвикана од прекумерната тежина.
Веста за ставање стентови на срцето ја потврди долгогодишниот пријател на пејачот и негов менаџер за странство, Душко Локин.
“Знам дека тој отиде на вгради три стента и е на респиратор. Тоа е она што ми го кажа неговиот син Иван, но не знам за индуцираната кома. Знам што ми кажа неговото семејство. Вградување на стентовите е рутинска операција”, ни рече емотивниот. Локин.