Принцезата Дајана беше во брак со принцот Чарлс, сегашниот британски крал, но нивниот брак не функционираше. Уште тогаш срцето на Чарлс го украла Камила, која сега е негова сопруга, па Дајана и Чарлс се разведоа.
На принцезата ѝ било скршено срцето, но среќата ја пронајде со египетскиот филмски продуцент Доди Ал-Фајед. Иако таа беше со Доди во моментот на тешката сообраќајна несреќа, во која и двајцата го загубија животот, тој не бил оној кој таа најмногу го сакала.
По разводот наводно била со телохранителот Бери Манаки, кој починал во 1987 година, кого лудо го сакала. Сепак, се смета дека љубовта на нејзиниот живот бил лондонскиот доктор Хаснат Кан, кој бил во врска со Дајана од 1995 до 1997 година. Тој не бил подготвен за медиумското внимание, па затоа парот се разделил.
Утеха пронашла во Доди, кој претходно се поврзуваше со познати холивудски дами како Брук Шилдс и им беше добро познат на медиумите. Наводно, Дајана сето тоа време го сакала Хаснат, а била со Доди за да го направи докторот љубоморен.
Последен пат Доди и Дајана биле фотографирани во хотелот Риц во Париз, а фотографиите од лифтот на кои се насмеани се направени само неколку часа пред нивната смрт.
Принцезата почина во болница во Париз на 31-ви август 1997 година во раните утрински часови