Еден од најбогатите луѓе и сопственик на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, објавија изјава на социјалните мрежи на почетокот на месецот, дека се разведуваат по 27 години брак.
После тоа, медиумите почнаа да „копаат“ по приватниот живот на Гејтс, со цел да ја дознаат причината за разводот.
По скандалот во кој се најде сопственикот на компанијата „Мајкрософт“, папараците за првпат го „уловија“ во јавноста.
Тој шеташе низ град во сива маица и сини панталони, додека на лицето носеше заштитна маска.Интересно е што Гејтс беше расположен, но фотографите забележаа дека тој сè уште носи бурма.
Инаку, Бил и Мелинда имаат три деца, 21-годишниот Рори Џон, 18-годишната Фиби Адел и 25-годишната Џенифер Кетрин.