Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, јавуваат светските медиуми.
Ќе биде заменет со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, предложи Курц во своето обраќање до медиумите.
Во својот говор тој рече дека обвинувањата против него датираат од 2016 година и дека ќе докаже дека не се точни.
– Многу политичари го доживеаја тоа, но овој пат е поинаку, бидејќи коалицискиот партнер одлучи да заземе став против мене – истакна Курц.
Тој се заблагодари на владиниот тим и како што рече, овде не се работи за партиски интереси, ниту за неговата личност, туку за земјата.
Медиумите потсетуваат дека австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомнение за корупција.
Покрај Курц, Обвинителството за борба против корупцијата спроведе истрага за уште девет лица и три организации.