37-годишната Амбер Фетнер, мајка на 8 деца, починала како последица од коронавирус, а младата жена битката ја изгубила на 21. септември, откако била хоспитализирана.
Сопругот на починатата Амбер Травис Фелтнер објавил на Фејсбук 8 дена пред смртта на неговата сопруга дека таа тешко дише и дека е хоспитализирана за да биде вклучена на респиратор. Сепак, на жената во меѓувреме клиничката слика ѝ се влошила, ѝ откажале бубрезите, па брзо почината.
На денот на смртта, Травис споделил семејна фотографија: Ја изгубивме најдобрата мајка на светот, сопруга и пријател“, напишал тој во опис.
На денот на смртта, Травис објавил семејна фотографија:
„Ја изгубивме најдобрата мајка на светот, сопруга и пријател“, напишал неутешниот сопруг.
Во разговорот за „WLWT5“, сопругот открил дека Амбер не била вакцинирана, како и дека се плашела од реакциите на вакцината. Како што раскажал, коронавирус прво добила нивната 19-годишна ќерка, но таа била добро, но и дека не му е јасно како неговата сопруга се заразила, пренесува „Хелт магазин“.
– Сопругата, со коронавирус се заразила или од децата кои го донесоа од училиштето или во продавницата. Не сум сигурен – рекол Травис.