Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.
Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.
На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.
Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.