Легендарниот фински ски-скокач Мати Никекен, почина во 55. година од животот. Според известувањата на медиумите, Никекен во петокот имал настап со својот бенд и како и секогаш бил расположен.
“Шоуто помина одлично, а Никенен ја имаше сета таа позитивна енергија. Ова е голем шок за мене”, изјавила Еија Нутинене, сопственичката на ресторанот каде Мати и неговиот бенд настапувале пред само два дена.
Никенен е роден 1963 година, а епитетот ,,летечкиот Финец“ го заработи со бројните златни медали, претежно освоени во периодот од 1980-90 година. Овие години беа златни за неговата кариера.