По кратко боледување во 45 година од животот почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, соопшти денеска ССМ.
Погребот ќе биде утре во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел.