Тамара Тодевска во интервју за „Телеграф“ решила да и се извини на српската евровизиска претставничка Невена Божовиќ затоа што жирито од Македонија не и дало ниту еден поен. Таа откри дека се чувствувала лошо кога разбрала дека нашето жири ја “прескокнала“ српската преставничка.
„Ја сакам песната на Невена и таа беше неверојатна на сцената. Иако не бев вклучена во гласањето на жирито, ниту знаев за кого гласале, би сакала да се извинам за оваа неправда. Невена заслужи бодови од нашето жири“, рекла Тамара и уште еднаш се заблагодарила на сета добиена поддршка.
Исто така таа откри дека не е разочарана што не победила и покрај тоа што повеќе од 40 минути беше на првото место на табелата.
“Задоволна сум со се’, не сум разочарана. Ова е најволшебното патување во мојот живот“, додаде Тодевска.