15-годишниот Алексеј до смрт со чекан ја претепал својата десетгодишна сестра Луду откако се расправале околу таблетот. Ужасното злосторство се случило вечерта во нивниот дом во Тараз во Казахстан. Детето ја нападнало сестрата додека таа спиела. Девојчето е пронајдено со скршен череп и починало пред да дојде Брзата помош.
Соседите велат дека преку денот Алексеј и Луда се расправале блиску до куќата, а расправијата избила заради таблетот.
– Ги слушнав дека се расправаа за таблетот и видов дека Алексеј има чекан во раката, рекла Шинар Мирзакметова, сосетка.
Како што се наведува, Алексеј играл на таблетот, а Луда наводно му го барала за да може да учи. По расправијата девојчето влегла дома и легнала да спие, а Алексеј го земал чеканот и ја удрил неколку пати по главата. Нејзиното тело потоа го изнел од куќата и го однел во дворот на соседите.
Детето потоа се пресоблекло и истрчал кај родителите за да им каже дека сестра му исчезнала.
– Фамилијата веднаш почнала потрага по детето, а Алексеј цело време помагал да се пронајде девојчето. Тој родителите ги однел до телото. Тогаш повикале полиција, рекол извор од истрагата.
Сосетката Кристина Гостева тврди дека телото на девојчето било унаказено. Наводно дел од черепот и паднал кога лекарите го подигнале нејзиното тело од земјата.
Момчето брзо потоа било сослушано и го признало злосторството, по што му се закануваат 15 години робија.
– Во куќата бил пронајден чеканот со кој било извршено убиството со траги од крвта на жртвата, како и крвавата маица на детето. Тој за време на сослушувањето рекол дека ја убил сестра си, бидејќи го налутила, рекол Ардак Мадимаров, полициски командир.