Вистинската семејна драма се случувало во Руско село во околината на Кикинда. По расправијата со жена му, разлутениот А.Д. (70) во гаражата ја запалил колата, не сметајќи дека огнот ќе се прошири на останатиот дел од имотот. Од огинот му изгорела куќата која била до гаражата, и кога видел што направил, нервозниот А.Д. се обидел да се обеси, но го спречиле жена му и една помлада комшивка, која ја пресекла ортомата со која сакал да се обеси и викнала полиција.
Веднаш пристигнала пожарната единици која го изгаснала пожарот, како и Итната помош која ги одвела А.Д. и неговата жена. Набргу жената била пуштена од болница, додека А.Д. бил задржан на психијатрија.
Среќа во несреќа е што сопружниците покрај изгорената куќа, на истиот плац имале и нова куќа која останала неоштетена.
(фото: новости.рс)