Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, д-р Предраг Кон изјави дека добил полициско обезбедување по протестот против вакцините пред неговиот стан.
-Никогаш нема да ги заборавам демонстрантите кои извикуваа „Менгеле, Менгеле“ пред мојата зграда. Овие ги доведуваат во заблуда луѓе кои имаат изопачени искуства од се. Дали би излегол? Се зависи, морам да сметам на моето здравје, тешко дека би се воздржал од излегување, тоа би било уште поголемо страдање за моето семејство. Мислам дека полицијата си ја заврши работата и им благодарам. Веднаш одиме во некаква политизација, зошто некој не е уапсен, не ми е прашањето. Ова не почна вчера, не почна тој ден-рече докторот.