После една година и три месеци откако избега од Македонија, Игор Спасов е вратен во Идризово. Тој пред малку беше екстрадиран во Македонија и вратен во затворот Идризово на доиздржување на 14-годишната затворска казна за убиството на младиот Мартин Нешковски во 2011-та на скопскиот плоштад.
Екстрадицијата на Спасов следи откако тој на 1 февруари годинава беше приведен од страна на бугарската полиција во Софија по пријава за семејно насилство.
Спасов за македонските истражни органи стана недостапен во 2019-та кога го напушти затворот во Идризово поради здравствени проблеми и потреба од операција и оттогаш му се изгуби секаква трага.
Инаку, за издржување на затворската казна на Спасов му преостануваат уште 7 години и 3 месеци.