Пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, која глумеше во филмот „Брилијантин“ и имаше неколку хит песни во текот на нејзината кариера, почина на 73-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката.
Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави нејзината смрт на неговата Фејсбук страница.
– Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период, напишал тој.
– Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот, додал сопругот.
Семејството побарало наместо цвеќе да се донираат донации за нејзината организација за рак.
Оливија е родена на 26 септември 1948 година во Велика Британија и беше австралиска пејачка, текстописец, актерка, претприемач и активист. Таа е четирикратен добитник на Греми наградата, чија музичка кариера вклучува пет хитови број еден и уште десет топ 10 хитови на „Billboard Hot 100“.
Најпозната е по улогата на Сенди Олсон во филмот „Брилијантин“, каде глумеше со Џон Траволта, а беше и страстен борец за зачувување на животната средина и правата на животните.
Таа зад себе ја остави ќерката Кло (36).