По завчерашниот претепување на докторот во Тетово вчера нов напад на медицинско лице во Скопје.
Имено, во поликлиниката Драчево синоќа физички била нападната 60-годишна медицинска сестра.
Како што соопшти МВР, напаѓачот е Ј.Г. (41).
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.