Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година.
„Имавме дискусија сите, имав чест како премиер да го дадам предлогот. Нашиот предлог беше на 22 декември да бидат брзите предвремени избори, а притоа кога сите земји ќе го ратификуваат протоколот за НАТО, да имаме функционален палрамент. Разгледувавме опции во март и април и утврдивме дека изборите ќе се одржат на 12 април. Нека им е среќа на граѓаните и на земјата, верувам дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор“, рече Зоран Заев.