Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека се потврдени се нови 10 случаи на коронавирус и најави дека комисијата за инфективни болести, преку министерството за здравство, ќе предложи план за олобавуваање на рестрективните мерки во држвата. Тоа значи, неделава да се отворат центрите, а обука и семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуани спортови, тенис, спортски обложувалници и неугостителски шалтерски дејности и затворените трговски центри, односно моловите.
По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор.
Притоа, нагласи Филипче, остануваат во сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.
Филипче додава дека на инфективната клиника починал 60-годишно лице од Делчево.
– Факт е дека е намален бројот на тестирања, затоа што нема индикации за тестирање. Тоа е тоа што го сакавме, тоа и го постигнавме.