ФОТО:ФЕЈСБУК/МАЈА РИСТЕСКА/ЗАГАПРОДУКЦИЈА
Поранешниот фудбалски репрезентативец Јован Костовски и македонската манекенка и поранешна лото-девојка Маја Ристевска ставија крај на бракот после само две години, дознава „Убавина и здравје“. Двојката пријателски се разделила пред неколку месеци, а од нивните профили на социјалните мрежи се избришани сите заеднички фотографии и спомени.
Инаку, парот се венча во 2016 година и направија голема веселба на која присуствуваа сите нивни блиски пријатели и роднини, а по свадбата се преселија во Белгија каде што фудбалерот живее и игра веќе подолг временски период.