По Бил Клинтон и Никол Кидман, и ДиКаприо летува во Дубровник (ФОТО)

by Тони Зографски

По Никол Кидман и Бил Клинтон, сега се дозна дека и Леонардо ДиКаприо престојувал во Хрватска.

ДиКаприо беше виден во друштво на своите колеги во Порто во саботата навечер како се качува на чамец. Јахтата се закотви пред Локрум, а тој наводно дошол во Дубровник – на вечера, пишува Дубровник Дејли.

Холивудскиот срцекршач вечерал во популарен ресторан во Дубровник, во сопственост на познатиот НБА кошаркар Бојан Богдановиќ, кој неодамна објави крај на својата кариера.

Сите се прашуваа дали двајцата се нашле на истото место случајно и дали актерот дошол во овој ресторан намерно затоа што можеби го познава Богдановиќ или едноставно се нашол таму.

Леонардо речиси помина незабележано, но жителите на Дубровник сепак го препознаа додека го придружуваа надвор од стариот центар на градот, објавува локалниот портал, пренесе Телеграф. Не е познато колку долго ДиКаприо ќе остане во Хрватска.

Да потсетиме, тој беше виден на Вимблдон пред неколку дена, а пред тоа беше во Венеција на свадбата на Џеф Безос и Лорин Санчез, кои исто така беа на одмор во Хрватска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com