Мајката од Скопје која под псевдонимот Емилија Малите Палавковци завчера очајнички побарала помош од јавноста за да се спаси од свирепото насилничко однесување на нејзиниот поранешен партнер, изјавила дека и понатаму продолжува да добива закани. Но, сега таа покрај насилството кое го трпи во домашни услови стана жртва и на сајбер насилство.
Корисник на Фејсбук кој се претставува како Алекс Ми Скузи дури и во групи наменети за миленици ѝ упатува смртни сакани.
Сепак апелот на Емилија допре до надлежните институции. Од МВР потврдија дека преземаат соодветни мерки за заштита на жртвата.
„Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи постојано постапуваат по ваквите случаи. И во текот на вчерашниот ден, но и денес се во постојан контакт со Е.Г. и преземени се мерки и активности за заштита на Е.Г. (39) и санкционирање на А.А. (38), кои според пријавеното биле во врска, а од страна на Е.Г. е пријавено загрозување на сигурноста. Од страна на Центарот за социјални работи на Е.Г. и е понудено сместување во шелтер центар, кој е одбиен од страна на Е. Г. Следен чекор е Е.Г. чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд. СВР Скопје против А.А. ќе поднесе соодветна пријава и се преземаат дополнителни мерки за заштита на Е.Г. која во моментов е во придружба на СВР и ЦСР Скопје.“ изјавиле за Слободен печат од МВР.