ПО АЛБАНИЈА: И Косово ги забранува игрите на среќа

by Тони Зографски

Владата во Приштина на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години.

„Ние го спроведуваме барањето на Собранието, барањето беше Владата да ги забрани сите видови коцкање на период од 10 години, како и сите игри на среќа“, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Тој потсетил дека Собранието го упатило барањето до Владата на предлог на највлијателниот Демократски сојуз на Косово.

Следно е одлуката за 30 дена да биде доставена до Собранието, по што ќе следи усвојување и стапување во сила.

Овој чекор на Владата следи по двете убиства, што се случија во две коцкарници минатата недела.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com