Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста на есенцијалните масни киселини за здравјето и врз основа на нејзините откритија развила метод што луѓето го користат за да го балансираат нарушениот електричен баланс на клетките и да спречат многу болести.
Познатата германска научничка Јохана Будвиг сфатила дека одредена храна може превентивно да влијае на појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, некои видови карцином и многу други болести.
„Најдобри резултати ќе добиете ако го јадете кремот секое утро веднаш по будењето. Не подготвувајте големи количини на овој крем и не го чувајте за подоцнежна потрошувачка“.
Затоа смислила рецепт за крем што се препорачува да се консумира наутро веднаш по будењето. Кремот Будвиг се заснова на ленено семе, ладно цедено масло од ленено семе и свежо кравјо сирење.
Семето од лен е најдобриот извор на омега-3 масни киселини кои во комбинација со протеин како сирење со малку маснотии создаваат соединение на липопротеините од кое се направени мембраните на нашите клетки.
Рецепт за кремот Будвиг:
4 лажици урда
2 лажици органско масло од ленено семе
1 лажица семе од лен
овошје и јатки по желба
Подготовка:
1. За да добиете оптимални резултати, потребно е да додадете состојки според специфичен распоред.
2. Ставете урда во сад, прелијте со ленено масло и добро измешајте со миксер „стапче“ додека не добиете кремаста текстура и целото масло биде поврзано со сирењето.
3. Истурете ја смесата врз ленените семиња кои претходно сте ги сомлеле во мелницата за кафе.
4. Рачно измешајте ги состојките, а потоа додадете парчиња овошје како што се банани, сливи, диви бобинки и неколку јатки како што се ореви и бадеми.
5. Јадете го кремот Будвиг не подоцна од 20 минути откако ќе го подготвите. Добар апетит!
Важно е да знаете:
1. Маслото од ленено семе се расипува, затоа треба да се чува во фрижидер пред и по употреба. Исто така, не купувајте ленено масло што не се чува во продавницата на ладно место.
2. Најдобри резултати ќе постигнете ако мелете семе од лен непосредно пред употреба, бидејќи петнаесет минути по мелењето, тоа губи поголем дел од своите корисни својства.
3. Не го јадете кремот Будвиг со други извори на протеини и маснотии, туку како посебен оброк.
4. Не подготвувајте големи количини на овој крем и не го чувајте за подоцнежна потрошувачка. Секогаш правете свеж крем пред консумирање.
5. Кремот Будвиг може да го јадат и луѓе кои имаат рак или некои други болести, но прво треба да се консултирате со вашиот лекар за количината на состојките и зачестеноста на потрошувачката.