ПОЈАДОК ЗА ДОБРО ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА: Доктор открива три работи кои ги консумира наутро

by Тони Зографски

Иако поголемиот дел од луѓето знаат дека клучното својство на кафето е будење на цревата, гастроентерологот, доктор Никет Сонпал навел уште неколку идеи за доручек кои што токму тој самиот ги преферира, а кои што го подобруваат варењето на храната.

Кафе

„Освен што ја зголемува вашата енергија и помага при будењето, кафето исто така ги буди и нашите црева“ – тврди д-р Сонпал.

Исто така тој препорачува дека секој еден од нас наутро треба да издвои и пронајде малку време, за освен што ќе се напие кафе, нешто и да јаде.

Овесни снегулки со чиа семе

„Овој доручек е дупла доза на хранливи влакна кои што се потребни за целодневната количина. Чиа семето се додава во овесната каша поради што истото претставува дополнителен извор на енергија“ – тврди докторот.

За да не се чувствувате надуено и да го оптеретувате вашиот желудник, потребно е во текот на денот да внесувате дополнителна количина хранливи влакна.

Чиа семето е најбогат извор на омега-3 масни киселини, кои што се поврзани со многубројни здравствени предности (намалување на нивото на холестеролот и ризикот од срцеви болести).

Боровници

Доктор Сонпал на овесните снегулки им додава и овошје, а фаворит му е боровницата.
“Освен што е полн со влакна, боровниците се и добар извор на антиоксиданси,“ вели тој.

Освен што помагаат во работата на цревата, боровниците се добри и за срцето и мозокот.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com