Доктор Ненад Лазаров преку својот Фејсбук профил упати апел до пациентите да не испраќаат пораки и барања и дека потребно е да го почитуваат закажаниот термин.
-Не се издржува ова веќе, ова е хорор Ве молам, најискрено ве молам, поштедете не од непотребни повици, пораки и барања за преглед а немате симптоми, почитувајте закажани прегледи и разберете дека немаме лек за страв и паника дали сте се заразиле, а за тешење немаме време од сериозно болни. Ако јас на 37 години не можам веќе, замислете како им е на возрасните колеги…, пишува Лазаров.