Манекенката Жизел Бундхен се отвори за People за прв пат по разводот со Том Брејди, со кој има две деца.
Минатиот октомври беше финализиран разводот на Жизел и Том Брејди, еден од најуспешните американски фудбалери на сите времиња. Брејди и манекенката имаа две деца заедно, синот Бен (13) и ќерката Вивијан (10). Жизел се преселила на Флорида, а во средината на последната сезона и разводот на Брејди, таа се грижела и за двајцата нејзини родители кои биле тешко болни.
„Беше тешко за целото семејство, во секој аспект од животот. Со сите пресврти што ни ги фрла животот, единственото нешто што можеме да го направиме е најдоброто со она што го имаме околу нас“, изјави Жизел.
Таа е посветена на благосостојбата, вежба секој ден, медитира, прави јога и внимава на исхраната – неодамна објави своја книга за готвење.
„Да ги немав сите овие техники за да се издржувам, ќе ми беше многу тешко. И мислам дека секој може да се поврзе со тоа, секој во одреден момент имал животен ролеркостер“, изјави Жизел.
По нејзиниот 40-ти роденден, манекенката одлучила да престане да пие алкохол бидејќи со години се борела со анксиозност, депресија и напади на паника.
„Веднаш почувствував огромна разлика, кога пијам чаша вино, или кога не пијам. Општествено е прифатливо да се испие чаша вино, луѓето дури ќе ви кажат дека е добро за вас. Но, тоа не беше добро за мене. Ако често го прашувате вашето тело што сака, а јас го правам тоа постојано, не можете да консумирате кофеин и алкохол. Сето тоа се собира“, изјави Жизел.
„Кога престанав да пијам, почувствував огромна промена. Порано се ми беше во некаква магла. Сега умот ми е остар, се чувствувам поприсутна и спијам многу подобро. Сите ние бараме многу од нашето тело и мораме да се грижиме за тоа. Никој нема да го направи тоа за нас“, изјави Жизел.