На лет од Блумфонтејн до Преторија во Јужноафриканската Република, пилотот Рудолф Еразмус морал принудно да слета поради жолта кобра на седиштата во авионот.
На приватниот авион „Бичкрафт барон 58“ имало четворица патници (и змијата). Присуството на таква влечуга во авионот, иако секогаш шокантно и застрашувачко за сите, не е невообичаено. Инаку, двајца вработени во аеро-клубот „Ворчестер“, од каде што првпат полетал авионот, потврдиле дека претходно ја забележале змијата под леталото и дека се обиделе да ја фатат, но безуспешно – таа избегала.
Еразмус потоа се обидел да ја најде змијата пред да полета авионот, но бидејќи ја немало, претпоставил дека таа се извлекла од леталото.
„Да бидам искрен, како мојот мозок да не регистрираше што се случува“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Тоа беше момент кој инспирира стравопочит“, додаде тој, велејќи дека на почетокот мислел дека „мразот по грбот“ е всушност неговото шише со вода.
„Почувствував нешто студено како лази по мојот грб“, рече тој, мислејќи дека можеби не го затворил правилно шишето и дека водата му тече по кошулата.
„Кога се свртев налево и погледнав надолу, ја видов кобрата како ја влече главата назад под седиштето“, додаде тој.
Пилотот вели дека не се чувствува „посебно“ по својот смирен и присебен потег и слетувањето.
“Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени, додаде тој.
Каснувањето од жолта кобра може да биде смртоносно.