ПОЧНУВА НОВ БИЗНИС: Анџелина Џоли се откажува од глумата?

by Тони Зографски

Анџелина Џоли решила да направи мала пауза од актерството за да се фокусира на започнување нов бизнис. Имено, таа напорно работи на создавање линија на облека и накит.

Таа веќе поднела барање за заштита на брендот наречен Atelier Jolie. На овој проект работи една година и се надева дека барањето наскоро ќе биде одобрено.

„Таа е голем поборник за одржлива мода и тоа е нешто на што ќе се фокусира. Новиот бизнис е сè уште во зародиш“, изјавил извор за американските медиуми.

Неодамна во интервју за магазинот Vogue зборуваше зошто ја поддржува одржливата мода.

„Вложувам во квалитетни парчиња облека, а потоа ги носам ‘до смрт’. Немам проблем да носам чизми, капут или чанта долго време. Освен тоа, купувањето облека од втора рака е и чекор кон одржлива иднина“, рече таа.

Инаку, Анџелина неодамна беше видена на ручек со Дејвид Мајер де Ротшилд, а се шират гласини дека се во врска. Таа се разведе од Бред Пит во 2019 година, а минатото лето го обвини за семејно насилство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com