-Ве молам помогнете ми, косата ми паѓа ненормално поради короната!
Ова е сè почеста реченица, која, судејќи според впечатокот на општите лекари и дерматолози, ја изговараат пациенти кои неодамна прлележале COVID-19. Ова е, за жал, само еден во низата проблеми со кои сега се борат, а е огромен физички и психички проблем.
Како што велат, голем број луѓе се жалат дека изгубиле цели влакна на косата, па се чини дека страдаат од алопеција или некое друго заболување на кожата.
Дерматолозите велат дека овој зголемен феномен може да се објасни со самата природа на вирусот и силниот стрес што го доживеале за време на болеста.
-Се поголем број на пациенти доаѓаат со проблем на опаѓање на косата, што е една од дерматолошките последици на коронавирусот. Кај некои луѓе, тоа е помалку нагласено во форма на зголемено опаѓање на косата, додека кај други пациенти косата паѓа дури и на прамени – велат тие.