Кога двегодишниот Адријан Џејмс се разболел минатата недела, неговата мајка Тифани Џексон дури и не се посомневала на Ковид.
Никој во семејството не бил болен. Адријан имал малку настинка, неговата мајка му дала сируп за кашлица и ставила прочистувач на воздухот во неговата соба.
Меѓутоа, во петокот, тој почнал да се поти и дишењето му било отежнато. Џексон го однеле во болница во Илионис. Лекарите и медицинските сестри ги снимиле неговите бели дробови и тој бил тестиран на „Ковид“, а потоа бил префрлен во болница во Сент Луис, оддалечена 129 километри, а мајка му и баба го следеле со автомобил.
Нејзиниот син е едно од над 840.000 деца помлади од 4 години, кои се заразиле со Ковид -19 во Соединетите држави од почетокот на пандемијата, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Хоспитализациите како оние на Адријан се уште се ретки – помалку од 1 процент од децата со пријавени случаи на „Ковид 19“ се хоспитализирани, а децата сочинуваат 2,5 проценти од сите хоспитализации поврзани со „Ковид 19“, според Американската академија за педијатрија.
Иако бројот на хоспитализирани лица во Соединетите држави е намален, делови од Соединетите држави се уште се „зафатени“ од многу заразната варијанта на Делта, која ја има Адријан.
Во вторникот, Адријан бил интубиран и ставен во вештачка кома.
Во изминатите неколку дена, неговата состојба е малку подобрена, па можно е наскоро да биде отстранет од респиратор.
Многу е сериозно
Адријан, кој следниот месец ќе наполни 3 години, има воспаление на левото белодробно крило. Дишењето му било брзо и се борел за воздух. Тој вдишувал дури 76 пати во една минута, а здраво дете тоа го прави 40 пати.
Тој бил интубиран во болницата и ставен респиратор, а Тифани не се разделила од него. Цело време спиела на помошниот кауч во болничката соба.
Не и е јасно од каде Адријан го добил вирусот. Таа минатото лето прележала корона. Таа не е вакцинирана затоа што има ретка автоимуна болест, синдромот Гилен-Баре, кој го уништува нервниот систем.
Таткото на Адријан, кој е дома со нивното помало дете во Илиноис, примил една доза од вакцината, а Тифани мисли дека можеби некој му го пренел вирусот на работа, иако и тоа и изгледа малку веројатно, бидејќи сите во фабриката каде што нејзиниот сопруг работи носат маски и одржуваат физичка дистанца.
Comments are closed.