На Фејсбук страница насловена „Реформи во СДСМ“ вчера се појави аудиоснимка за која се тврди дека е од затворениот дел на конгресот, а во која се слуша гласот на Радмила Шекеринска, довчерашната заменик-претседателка на СДСМ.
„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата“ се слуша на снимката.
Инаку, Радмила Шекеринска вчера по завршувањето на Конгерсот им честиташе на своите сопартијци кои влегоа во раководството на СДСМ.
Аудио снимката можете да ја слушнете на следниот ЛИНК