Двајца македонски граѓани што имаат и државјанство на Бугарија се казнети со по 1.000 лева (околу 500 евра) од Окружниот суд во Ќустендил поради декларирање невистинити податоци при вадење возачка дозвола, јави Бугарска телеграфска агенција (БТА).
Горанчо И. (50) и Моме М. (54) пред ќустендилскиот сектор „Патна полиција“ на Министерството за внатрешни работи дале лажни податоци во декларацијата за да им биде издадено сведителство за управување моторно превозно средство.
И двајцата писмено декларирале вообичаен престој во Бугарија, иако Горанчо И. живее во Пробиштип и работи како возач за словенечка фирма, а Моме е од селото Облавце.
Судот ги ослободил од кривична одговорност и им одредил глоба за стореното дело.
Извор: Експрес