Во изминатото деноноќие отпуштени се петмина, кои на два контролни теста се негативни.
Од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување на 11 во следните денови ќе им се земаат контролни брисеви, а инаку се во добра општа здравствена состојба.
“Имаме и еден смртен случај. Се работи за пациентка на 65- годишна возраст со бројни претходни заболувања, како болести на белите дробови, болести на срцето, дијабет“, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
“Денес се примени 9 пациенти, вкупно хоспитализирани се 59, а од нив 12 се во потешка состојба . Дневната статистика вели дека во изминатите 24 се регистрирани 25 нови случаи, вкупниот број е 354“, изјави Филипче.
Досега се тестирани 3775 пациенти.